Ata Ufuk Şeker
12 Август 2021•Ажурирај: 16 Август 2021
Во земјите на Европската Унија (ЕУ), младите луѓе почнуваат да живеат одвоено од своите семејства во просек на возраст од 26,4 години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Европскиот завод за статистика (Eurostat), по повод Меѓународниот ден на младите ги соопшти податоците за 2020 година за просечната возраст на која младите луѓе во земјите членки на ЕУ го напуштаат домот на семејството и почнуваат да живеат во своите нови домови.
Според тоа, европските млади луѓе го напуштаат домашното гнездо на просечна возраст од 26,4 години.
Жените формираат одделни домаќинства порано од мажите.
Во Европа, мажите почнуваат да живеат одвоено од своите семејства на 27,4 години, а жените на 25,4 години.
Шведска е земјата каде што младите луѓе го напуштаат домот на најрана возраст меѓу земјите од ЕУ.
Во Шведска, младите се преселуваат во одделни домови на возраст од 17,5 години во просек.
По Шведска следуваат Луксембург со 19,8 години, Данска со 21,2 години и Финска со 22 години.
Во Хрватска, пак, просечната возраст на младите луѓе што ги напуштаат домовите е 32,4 години.
По Хрватска следуваат Словачка со 30,9, Италија и Малта со 30,2.
Просечната возраст за основање на посебен дом во Германија е 23,8, во Франција 24 и во Холандија, 24,3.
Од друга страна, во Турција, младите луѓе го напуштаат домот во просек на возраст од 27,8 години. Мажите почнуваат да живеат одвоено од своите семејства на 29,8 години, а жените на 25,8 години.