Haydar Hadi
02 Јануари 2017•Ажурирај: 02 Јануари 2017
БАГДАД (АА) - Бројот на жртвите во бомбашкиот напад во ирачкиот главен град Багдад се зголеми на 31, а бројот на повредени на 42, јавува Anadolu Agency (AA).
Полковникот Ахмед Калаф, од Министерството за внатрешни работи на Ирак, изјави дека се зголемил бројот на жртвите од нападите со автомобил-бомба.
Да споменеме дека одговорноста за нападот сѐ уште не ја презел никој.
Од друга страна, портпаролот на Одборот за акција во Багдад, Саад Maан кажа дека освен нападот во областа Садр во Багдад, извршени се уште три бомбашки напади во северниот дел на градот и дека има мртви и повредени.
Според него, извршени се бомбашки напади врз болниците „Кинди“ и „Чувадир“. Тој не одговори на прашањата за бројот на жртвите.