Associated Press
17 Јули 2022•Ажурирај: 18 Јули 2022
КАИРО (АА) - Во поплавите предизвикани од сезонските поројни дождови во суданскиот западен регион Дарфур животот го загубија најмалку 7 лица, меѓу кои има и деца, соопштија денес Обединетите нации (ОН), известува Агенција Анадолија (АА).
Поројните дождови почнаа доцна во петокот во местото Кас во суданската покраина Јужен Дарфур.
Меѓу загинатите има трудница и две момчиња кои имале 2 и 8 години. Урнати се најмалку 100 куќи во камповите за раселени лица или се делумно оштетени.
Тоби Харвард, координаторот на Агенцијата за бегалци на ОН, ги објави податоците за смртните случаи. На социјалната мрежа Твитер Харвард објави видеоматеријал на кој се гледаат поплавените подрачја и куќите. Тој рече дека УНХЦР и неговите партнери работат на пружање хуманитарна помош на погодените заедници.
Сезонските поплави усмртија повеќе од 80 лица и поплавија десетици илјади куќи низ Судан во периодот од јули до септември минатата година.