Muhammed Enes Çallı
27 Јули 2023•Ажурирај: 28 Јули 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Туркије со „длабока загриженост“ ги следи вестите за обидот за државен удар во западноафриканската држава Нигер, со надеж дека законскиот мир и стабилност во земјата нема да бидат загрозени, соопшти Министерството за надворешни работи, јавува Анадолу.
„Со длабока загриженост го следиме обидот за државен удар извршен од група вооружените сили во Нигер, што доведе до отстранување од должноста на претседателот Мохамед Базум, кој дојде на власт преку демократски избори, и суспензија на сите демократски институции“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.
„Туркије се надева дека уставниот поредок, општествениот мир и стабилноста на пријателскиот и братски Нигер нема да се влошат“, се додава во соопштението и се посочува дека Туркије ќе продолжи да стои на страната на Нигер во текот на овој критичен период.
Нигериското Претседателство вчера потврди дека бил извршен обид за државен удар.
Базум беше соборен, а Уставот беше суспендиран поради влошената безбедносна ситуација во земјата и социоекономската криза, се вели во изјавата на полковник-мајорот Амаду Абдрамане.
Нарекувајќи се себеси Национален совет за заштита на земјата, војниците прочитаа изјава за државен удар во видео објавено на државната телевизија ОРТН.