Admir Fazlagic
22 Март 2016•Ажурирај: 22 Март 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во денешните симултани напади во Брисел нема повредени македонски дипломати, а сеуште се чека дали има повредени или загинати македонски граѓани, потврдија за Anadolu Agency (AA) од Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
Од Министерството за надворешни работи на Република Македонија рекоа дека за информацијата дали има загинати или повредени македонски граѓани во терористичкиот напад се очекува официјална информација од органите на Кралството Белгија.
Најмалку 13 лица загинаа, за 35 се повредени во експлозиите кои утрово се случија на најпрометниот бриселски аеродром Завентем, јави белгиската државна телевизија, додека најмалку 15 лица загинаа а 55 се ранети во експлозијата на метро станицата Маалбек во Брисел, која се случи утринава, потврдено е од компанијата за јавен превоз во Брисел.
Гласноговорникот на компанијата за јавен превоз, Гај Саблон, даде изјава по двата напади кои се случија утринава на аеродромот во Брисел и експлозијата на метро-станицата Маалбек.
„Во нападот на станицата на метрото Маалбек загинаа најмалку 15, а ранети се 55 лица”, рече Саблон.
Белгиските власти потврдија дека еден од двата напади на аеродромот во Брисел е самоубиствен напад. Во тек е опсежна истрага во врска со нападите.