?????
03 Јануари 2016•Ажурирај: 03 Јануари 2016
БЕРЛИН (АА) - Гувернерот на Баварија изјави дека сака бројот на бегалците кои Германија годишно ги прима да се ограничи на 200.000 и дека за дел од бегалската криза се виновни Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (АА).
Баварскиот гувернер Хорст Сиховер во изјава за германскиот неделник "Bild am Sonntag", рече дека земјата на годишно ниво е во состојба да интегрира само 100.000 до 200.000 бегалци.
Баварската провинција беше првата точка за влез на повеќе од еден милион бегалци, кои минатата година од земјите од Блискиот Исток пристигнаа во Германија. Германската канцеларка Ангела Меркел го одби ограничувањето на прифаќање бегалци.
Баварскиот официјален претставник изјави дека поголемата одговорност за бегалци, треба да ја сносат и другите членки на Европската унија, арапските земји и САД.