Ahmet Dursun
03 Јануари 2016•Ажурирај: 03 Јануари 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Иранскиот верски поглавар ајатолахот Али Хаменеј погубувањето на Нимр го окарактеризира како "политичка грешка и голем злостор", јавува Anadolu Agency (АА).
Иранскиот верски поглавар ајатолах Али Хаменеј изјави дека "саудиските политичари ќе ги стигне Божја казна" бидејќи е погубен ајатолахот шеик Нимр. Да потсетиме дека во Саудиска Арабија вчера беше извршена смртна казна на најмалку 47 лица, вклучувајќи го и шиитскиот верски лидер ајатолахот шеик Нимр, кој беше државјанин на Саудиска Арабија.
Инаку, Нимр ги предводеше протестите против државата во источниот саудиски град Катиф во 2011 година, а подоцна беше уапсен и обвинет за поттикнување на протестите, поттикнување на бунтот и отпор кон силите за безбедност.
Кривичниот суд на 15 октомври, 2014 година го осуди на смрт, а 10 дена подоцна пресудата била потврдена и од страна на Врховниот суд.
Егзекуцијата во Саудиска Арабија беше осудена од страна на највисоките претставници на Европската унија и Иран чиј министер за надворешни работи изјави дека "поради ваквата политика, Саудиска Арабија ќе плати висока цена".