свет

Трамп ја преполови царината за челикот увезен од Турција

Оваа одлука царината ќе ја врати на нивото на кое беше пред одлуката на Трамп во август минатата година

Michael Hernandez  | 17.05.2019 - Обновена : 19.05.2019
Трамп ја преполови царината за челикот увезен од Турција

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, ја намали царината за челикот увезен од Турција од 50 на 25 отсто, пренесува Anadolu Agency (AA).

Оваа одлука царината ќе ја врати на нивото на кое беше пред одлуката на Трамп во август минатата година за удвојување на царините во екот на тензиите околу ослободувањето на американскиот пастор, кој беше во притвор во Турција.

Во тој период Турција и Соединетите Американски Држави (САД) воведоа реципрочни царини на одредена стока, меѓу која и на челикот и алуминиумот.

Трамп во прогласот кажа дека увозот на производи од челик од Турција во 2018 година паднал за 48 отсто, што резултирало со зголемување на искористувањето на домашната индустрија приближно до целното ниво што го препорача секретарот за трговија, Вилбур Рос.

„Тоа ниво“, истакна Трамп, „долгорочно ќе ја подобри финансиската одржливост на индустријата на челик во САД“.

„Со оглед на ова подобрување, утврдив дека е неопходно и прикладно да се отстрани повисоката царина за увоз на челик од Турција“, порача Трамп.

Во декларацијата нагласува дека одржувањето на нивото на царината од 25 отсто и понатаму е неопходно.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın