Qays Abu Samra,Daniel Gallego
26 Декември 2015•Ажурирај: 28 Декември 2015
РАМАЛАХ (АА) - Група деца од Палестина во Ерусалим испратија писмо до шефот на Католичката црква, папата Френсис, јавува Anadolu Agency (AA).
Во декларацијата на Советот за палестинските затвореници истакнато е дека децата од Палестина своето писмо за папата Френсис го испратиле преку Католичкиот патријарх на Ерусалим.
Во ова писмо, тие исто така, ја изразија својата желба да бидат ослободени членовите на нивните семејства кои се наоѓаат во израелските затвори.
Тие истакнаа дека израелските безбедносни сили само во последните три месеци уапсија 1500 деца од Палестина.
Понатаму додадоа дека, со нападиде врз на палестинските деца, Израел постојано ги крши сите човекови и верски права.
Тие истакнаа дека израелската влада се однесува многу строго кон палестинските деца кои се уапсени.
"Уште колку ќе продолжи крвопролевањето за време на најдолгата опсада во модерната историја на Светата земја?" се наведува во писмото.
На крај децата бараат да се реши проблемот во нивната земја, за палестинскиот народ да добие слобода и независна држава, како и палестинските деца да живеат без страв, како другите деца во светот.