Ekip
16 Февруари 2018•Ажурирај: 17 Февруари 2018
АНКАРА (AA) – Припадник на терористичката организација ПЈД/ПКК во разговор со новинарот на руската телевизија откри дека терористите во Африн, за да не бидат мета во текот на операцијата „Маслинова гранка", која ја спроведуваат Турските вооружени сили (ТСК), носат цивилна облека и се кријат меѓу народот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Рускиот тв канал „Russia Today" (RT), кој емитува вести на арапски јазик, објави репортажа од Африн, во рамките на која е емитуван и разговор со еден терорист.
Во текот на разговорот може да се види дека терористот во цивил во раце држи оружје. Во разговорот потврди дека ПЈД/ПКК користи стратегија на искористување на цивили.
„Ние тука се штитиме така што се криеме меѓу маслиновите гранки и носиме цивилна облека", рече терористот.
На прашањето на новинарот на руската телевизија зошто носи цивилна облека, одговори дека тие во воени униформи во Африн се на мета на ТСК и Слободната сириска војска (ФСА). Терористот исто така потврди дека терористите делуваат во селата каде е населено цивилно население.
Познато е дека терористите на ПЈД/ПКК ги користат цивилите како жив штит, се кријат меѓу цивилното население во Африн, и на народот му забрануваат да го напуштаат овој сириски град.