Adel Ömeragiç
16 Февруари 2018•Ажурирај: 17 Февруари 2018
ПОДГОРИЦА (AA) - Претседателите на Црна Гора и Косово, Филип Вујановиќ и Хашим Тачи го повикаа Собранието на Косово да го ратификува Договорот за државна граница потпишан во Виена на 26 август во 2015 година. Вујановиќ и Тачи се состанаа во Подгорица, со намера, како е соопштено, да го охрабрат Собранието на Косово да го ратификува Договорот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Упатена е заедничка покана поаѓајќи од меѓусебната доверба, добрата волја и потребата на понтамошно унапредување на односите, а почитувајќи го суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на двете држави, во исполнување на обврските од Повелбата на Обединетите нации и почитување на Стратегијата на Европската комисија за Западен Балкан", се вели во соопштението.
Вујановиќ и Тачи во заедничката изјава ги повикаа надлежните во Црна Гора и Косово, по ратификацијата, преку дипломатски канали, да известат дека е спроведена постапката на ратификација на Договорот и да се констатира дека стапил на сила, со што се создале услови да се формира Заедничка работна група за одбележување на граничната линија.