Halit Süleyman
24 Септември 2016•Ажурирај: 25 Септември 2016
АЛЕПО (АА) – Во воздушните напади врз цивилни населби од страна на режимот на Башар ал Асад и руската армија, од 19 септември досега загинаа 323 цивили, а 1.334 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
По прекинот на огнот, кој на 12. септември го донесоа САД и Русија, режимот на Сирија продолжува со интензивни воздушни напади врз цивилни населби на северот од Алепо.
Според информациите од страна на раководителите на спасувачките екипи и теренските болници во Алепо, до кои дојде екипата на АА, од 19 септември па наваму, во бомбардирањата од страна на режимот и Русија, досега загинале 323 луѓе, а 1.334 се повредени.
Нападите се заострени на источниот дел од центарот на областа, во местата што се под контрола на опозицијата, а под опсада на режимот; Бустан ал-Каср, Мешхед, Келесе, Фирдеус, Бештакин, Енсари, Катирџи, Баб ел-Нејраб, Салихин, Маади, Тарик ел-Баб, Сахур, Мерџе, Карм Хамуд, Шејх Хадир, Сукери, Шеар, Мујесир и Месекин Ханану, како и провинцијата Кафр Хамра.
Режимот и Русија вчера извршија напад врз цивилно население во градчето Баб, кое е под контрола на терористичката ДАЕШ.