Cüneyt Karadağ
08 Април 2016•Ажурирај: 10 Април 2016
БЕРЛИН (АА) - Во Германија во март 2016 година пристигнале 20.608 бегалци, соопштено е од Министерството за внатрешни работи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како се наведува во соопштението, 6.053 мигранти се со потекло од Сирија. Бројот на мигрантите кои во март пристигнале во Германија е значително помал од бројот во првите два месеци 2016 година.
Во соопштението е наведено дека меѓу мигрантите кои стигнале во Германија се наоѓаат и 2.626 мигранти од Ирак, 2.067 мигранти од Афганистан и 919 од Ирак.
Во Германија во јануари, стигнале 91.671 мигранти а во февруари 61.428 мигранти. Во првиот квартал од оваа година барање за азил во Германија поднеле 181.405 мигранти, што е за 112 отсто повеќе отколку истиот период од претходната година.