Onur Usta
23 Ноември 2015•Ажурирај: 24 Ноември 2015
Париз (АА) - Полицијата во Париз ја објави фотографијата на лицето за кое се сомнева дека ја поставило бомбата пред вратата на „стадионот Франција“, очекувајќи од лицата кои го познаваат да дадат информации за него во најблискаста полициска станица.
Во обраќањето на полицијата, се вели: „Ова е лицето кое почина на 13 ноември на „стадионот Франција“, во еден од терористичките напади. Доколку имате информации за него, јавете се на телефонскиот број 197“.
Париското обвинителство објави дека идентитетот на првиот бомбаш – самоубица е Сириецот Ахмед Ел Мухамедроден 1990 година, кој претходно побарал азил во Грција, од каде и пристигнал во Франција. Обвинителството го објави и идентитетот на вториот бомбаш – самоубица -Билал Хадфи, роден 1995 година.
Во терористичките бомбашки напади кои беа ивршени во Париз на 13 ноември, загинаа 130 лица, а 351 лице беа повредени. На шест различни локации, речиси во исто време, загинаа 7 бомбаши-самоубици, а за извршител на овие напади се смета терористичката органицација ДАЕШ.