Ekip
23 Ноември 2015•Ажурирај: 23 Ноември 2015
ВАТИКАН (АА) - Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, во среда тргнува на службено патување во кое ќе ги посети трите африкански земји од Кенија, Уганда и Централна Африканска Република, јавува Anadolu Agecy (АА).
Од 25-30 Ноември, папата Франциско ќе ги посети Кенија, Уганда и Централно Африканска Република со цел да ги пренесе пораките за мир, социјална правда и дијалог меѓу муслиманите и христијаните.
Посетата на папата на црниот континент доаѓа во турбулентно време по терористичкиот напад во Анкара, Париз и Бејрут, а неодамнешната заложничка криза во Мали покажа дека е индикација дека радикалните терористички движења сакаат да ја дестабилизираат и Африка.
Како дел од својата 11-та во официјална посета, папата Франциско ќе се сретне со децата на африкански војници, болни од СИДА и жртви на војни и сиромаштија.
Посетата на папата на двете африкански земји Кенија и Уганда, се сметаат за ризични од безбедносен аспект, бидејќи постои опасност од напади на терористичката организација Ал Шабааб.