Ekipa
27 Ноември 2017•Ажурирај: 28 Ноември 2017
ЈАНГОН (АА) - Десетици илјади лица го пречекаа папата Франциско кој денес пристигна во главниот мјанмарски град Јангон, на првата официјална папска посета на оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
При неговото пристигнување на аеродромот, како дел од посетата на Мјанмар и Бангладеш, папата беше пречекан од страна на официјални лица на Католичката црква, а ќе оствари средба со малцинската католичка заедница од земјите на Јужна Азија.
Тој во Нејпидо утре ќе се состане со државниот советник Сан Су Чи и со претседателот Хтин Кјау.
На масовниот собир в среда ќе се состане со католиците од целата земја, главно од северната држава Качин, каде што поради борбите помеѓу владините трупи и етничките бунтовнички групи се раселија дестици илјади лица од средината на 2011.
Исто така, в среда тој треба да се состане со главниот воен командант Мин АунгХлаинг во Јангон.
Папата, исто така, ќе ги посети и Рохинџа бегалците кои пристигнаа во Бангладеш за да побегнат од бруталното насилство на војската во западната држава Аракан.