Dildar Baykan
06 Јануари 2017•Ажурирај: 07 Јануари 2017
ЈАНГОН (AA) - Властите во Мијанмар приведоа осуммина припадници на полицијата во рамките на истрагата за видеоснимката во која е прикажано како мјанмарската полиција врши насилство над араканските муслимани, јавува Anadolu Agency (АА).
Истрагата започна откако на интернет се прошири видеоснимка во која се гледа како мјанмарската полиција ги тепа жителите, аракански муслимани. Од полицијата се соопштува дека се притворени осуммина нејзини припадници, во рамките на истрагата поврзана со овој случај.
Се истакнува дека од осуммина приведени, тројца го предводеле упадот во селото, еден од нив со видеокамера го следел целиот настан, а останатите четворица полицајци ги тепале жителите на селото.
Од канцеларијата на претседателот на Мјанмар во понеделникот беше соопштено дека во ноември минатата година, шест непознати лица на моторни возила учествувале во напад на мјанмарската полициска станица во Норулар. Поради дојава дека напаѓачите се сокриле во селото Кое Тан Каук, полицијата организираше упад и претрес.
Еден од полицајците со видеокамера ја следел акцијата во селото Кое тан Каук. На видеоснимката се гледа како полицајците употребуваат прекумерна сила и ги тепаат Рохинџа муслиманите од селото.
Мјанмарската Влада не ја прифати снимката како доказ за злоупотреба на араканските муслимани. Меѓутоа, ова е прв видеодоказ за злоупотреба на популацијата на араканските муслимани.
Откако мјанмарската полиција ги спроведе акциите, во Аракан загинаа 400 Рохинџа муслимани и 86 полицајци.