Bayram Altuğ
06 Јануари 2017•Ажурирај: 07 Јануари 2017
ЖЕНЕВА (АА) – Високиот комесаријат за бегалци при ОН (УНХЦР) извести дека состојбата со бегалците на островите во Егејското Море е алармантна и упати апел до грчката Влада да ги префрли бегалците на копно, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на УНХЦР, Адријан Едвардс, на прес-конференција во главното седиште на ОН во Женева изјави: „И покрај напорите за решавање на проблемите, во последно време, на многу места на островите условите се мошне лоши. Потребна е поголема заштита за време на викендов, поради очекуваното намалување на темературата на островите. Загрижени сме“.
„Особено е загрижувачка состојбата на островите Самос, Хиос и Лезбос“, рече Едвард и додаде дека на Самос има 700 незаштитени бегалци, дел од нив и деца, кои се борат за живот во шаторите без систем за греење во прифатните центри.
Едвардс истакнува дека преземањето на бегалците од островите е можно по завршувањето на процедурата за регистрација, а особено откако ќе се утврдат незаштитените бегалци. „Бегалците од грчките острови мора да се префрлат на копно“, рече тој.
- „ЕУ да си го одржи ветувањето“
Едвардс укажа на одлуката за планот од 2015, според кој ЕУ требаше да ги прераспредели бегалците и низ другите држави-членки на Унијата. Тој додава дека до 4. јануари 2017 година, само 7.760 бегалци од Грција заминале во други држави-членки на ЕУ и истакна дека со тоа е исполнето само 12% од ветеното.
Високиот комесаријат за бегалци, Едвардс потсети дека минатата година ЕУ најави дека ќе прими 66.400 бегалци од Грција и ги покани земјите-членки да го одржат ветувањето.