Burak Bir,Mahmoud Barakat
28 Август 2019•Ажурирај: 29 Август 2019
ТРИПОЛИ
Петмина мигранти загинаа, а најмалку 40 се водат за исчезнати во бродоломот што се случи во либиските територијални води на Средоземното Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Либиската морнарица доцна синоќа соопшти дека се спасени најмалку 65 мигранти, и дека во тек е потрагата по исчезнатите.
Бродот со мигранти од Судан, Египет и Мароко потонал на неколку километри од брегот на либискиот град Ал Хумс.
Организацијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) соопшти дека се претпоставува оти во бродоломот се исчезнати најмалку 40 мигранти. Според исказите на преживеаните, повеќето од исчезнатите се од Судан и сѐ помали се шансите дека го преживеале бродоломот.
Според податоците на Светската организација за миграции (IOM), најмалку 578 мигранти загинале во бродоломите што се случиле од почетокот на годината досега, во триаголникот во Средоземното Море меѓу Либија, Малта и Италија.
Минатата година во Средоземното Море животот го загубиле или исчезнале најмалку 2.240 мигранти.