свет

ОН: „Таргетирањето на над 70 болници во Идлиб не може да биде несреќен случај“

Руперт Колвил, портпарол на Канцеларијата за човекови права при ОН, во изјавата за Агенција Анадолија (АА) истакна дека за секој напад врз цивили, цивилна инфраструктура и здравствени установи треба да се постапува одделно

Bayram Altuğ  | 25.02.2020 - Обновена : 26.02.2020
ОН: „Таргетирањето на над 70 болници во Идлиб не може да биде несреќен случај“

ЖЕНЕВА (АА) - БАЈРАМ АЛТУГ -

Обединетите нации (ОН) соопштија дека „намерно таргетирање на болниците“ во Идлиб, не може да биде несреќен случај и може да претставува воено злосторство.

Руперт Колвил, портпарол на Канцеларијата за човекови права при ОН, во изјавата за Агенција Анадолија (АА) истакна дека за секој напад врз цивили, цивилна инфраструктура и здравствени установи треба да се постапува одделно.

Во однос на нападите врз цивилите на режимот на Асад и неговите поддржувачи, Колвил нагласи: „Воените злосторства се проценуваат независно за секој случај. Нема сомнение дека во сириската криза и порано беа извршени воени злосторства. Беа извршени и злосторства против човештвото, кои можеби тешко ќе се докажат.“

Колвил, без да именува, за нападите на режимот и неговите поддржувачи врз болниците рече дека е јасно оти нападите врз толку многу болници не може да биде несреќен случај.

Истакнувајќи дека треба да се направи сериозна истрага за да се утврди кој ги напаѓа болниците, Колвил истакна: „Не е можно да се каже врз која болница нападот претставува воено злосторство, а која болница е погодена случајно.“

Тој потсети на меѓународното хуманитарно право и истакна дека принципот на пропорционалност, неопходност и заштита на цивилите се главните принципи, дури и во воени услови.

Колвил исто така рече дека треба да се преземат сите мерки за при бомбардирањето да не бидат погодени цивили.

Укажувајќи дека во последно време нападнати се голем број болници, Колвил нагласи: „Во последните месеци во регионот на Идлиб нападнати се повеќе од 70 болници. Не е возможно тоа да биде несреќен случај.“

Колвил истакна дека иако нападите врз некои болници може да претставуваат воено злосторство, нападот врз болниците треба да се испитува одделно.

Тој, за да се разјасни дали се извршени воени злосторства во Идлиб, рече дека е потребно е да се открие дали болниците биле намерно нападнати, дали се преземени неопходни мерки и дали нападите биле неопходни.

- Остра реакција на Бачелет -

Високата комесарка за човекови права на Обединетите нации (ОН), Мишел Бачелет, во изјавата дадена на 18 февруари нагласи дека хуманитарната состојба во северозападна Сирија е застрашувачка поради нападите на режимот на Асад и неговите поддржувачи кои продолжуваат и понатаму.

Бачелет истакна дека е нечовечко нападите да се насочуваат кон жените и децата кои се борат да преживеат во студените временски услови.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.