Diyar Güldoğan
26 Октомври 2018•Ажурирај: 27 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Ирак, Хами Аксој, изјави дека Турција е подготвена да работи со новоформираната Влада во Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција е подготвена да работи со новата ирачка Влада за прашањата во врска со мирот, безбедноста, стабилноста и реконструкцијата на Ирак“, изјави Аксој.
Портпаролот на турското МНР ја даде оваа изјава по еден ден откако новиот ирачки премиер Адил Абдул Махди официјално ја презеде својата одговорност, откако пратениците ја одобрија неговата програма за Владата и поголемиот дел од неговите предложени кандидати за министри.
Абдул Махди откако доби доверба од мнозинството пратеници во Парламентот, во средата навечер официјално положи заклетва, заедно со 14-те членови на Кабинетот.
„Посакуваме новата Влада да преземе чекори со кои ќе ги исполни очекувањата на ирачкиот народ, кој има преживеано маки и тешкотии во изминатите години“, изјави Аксој.