СКОПЈЕ (АА) - Портпаролот на претсдетелот на Република Турција, Ибрахим Калин изјави дека и најмалиот проблем или тензија, што ќе се појави на Балканот нема да остане во тие граници, туку може да доведе до регионална, дури и до глобална криза и да предизвика нови кризи, јавува Anadolu Agency (AA).
„Затоа што и најмалиот проблем или тензија на Балканот, нема да остане во тие граници. Може да доведе до регионална, дури и глобална криза и да предизвика нови кризи.Против ова, нашите политики кои го поддржуваат мирот и стабилноста ќе продолжат и понатаму", нагласи Калин.
Ибрахим Калин, портпаролот на претседателот Реџеп Таип Ердоган, по обраќањето на свеченоста по повод Денот на наставата на турски јазик – 21 декември одговараше на новинарски прашања.
Калин истакна дека Денот на настава на турски јазик е од голема важност во однос на односите меѓу Турција и Македонија. Според него, празникот претставува прекрасен пример на односите меѓу Турција и балканската историја и култура.
Според него, одбележувањето на празникот претставува добар пример за мултикултурната и повеќејазична структура во Македонија.
„Всушност во време кога се дискутираат прашањата од мултикултурата, кога мултикултурноста на Западна Европа веќе се наоѓа во криза, и кога плурализмот не нуди решение, кога ќе дојдеме малку јужно и источно од Западна Европа, на тие простори можеме да видиме добар пример каде што Турците, Албанците, Македонците, Србите, Бошнаците, Муслиманите, немуслиманите и етничките групи кои говорат различни јазици можат да живеат во мир. Всушност ова преставува искуство и може да служи за пример за дебатите за плурализмот во Европа, за која се вели дека е во криза“, нагласи Калин.
Истакнувајќи дека имаат посебна поврзаност со Балканот, Калин рече дека нивните предци изградиле цивилизација од внатрешноста на Централна Азија, до Балканот и евопските граници на Балканот, и во тие широки простори доминирале со умот, мудроста, моралот, науката, културата, уметноста и естетиката.
Тој рече дека историските споменици во регионот не се само историски споменици на Османлиите, туку се и голема придобивка на човечката цивилизација. Калин нагласи дека фактот што спомениците се зачувани и денес е најдобар пример за тоа колку се тие со постојан квалитет.
Калин, исто така, потсети дека со инструкции на претседателот Реџеп Таип Ердоган, ТИКА, Институтот „Јунус Емре", Фондацијата „Маариф", како и сите други институции спроведуваат обемни студии за да ги оживеат делата на нивните предци. „Се реставрираат историските споменици, тие простори се оживуваат. Всушност, традицијата може да се одржува само на тој начин", рече Калин.
Портпаролот на турскиот претседател наведе дека во модерното време турскиот јазик помина низ многу различни фази и рече дека постоењето на јазиците е богатство.
Нагласувајќи дека можат да ја исполнат нивната одговорност во однос на турскиот јазик Калин нагласи: „Како што знаете од проектот ТЕДА, до „Јунус Емре", имаме многу активности во различни области. Сите треба да вложиме многу напори за да турскиот јазик во сите делови на светот биде јазик на литературата, филозофијата, науката, уметноста, мислата и дипломатијата".
Потсети дека Јахја Кемал Бејатли, Мехмет Акиф Ерсој, кои дале значен придонес за турскиот јазик се од балканскиот регион, а тоа пак е одличен пример дека турскиот јазик е многу добра за изразување, отколку што се мисли.
- „Ги повикуваме сите пријателски и сојузнички држави блиску да соработуваат со Турција против ФЕТО"
Калин посочи дека против терористичката организација ФЕТО, вршат многу интензивна борба не само на Балканот, туку и во целиот свет.
„Вистинското лице на оваа терористичка организација се појави со нивните предавнички завери, пред обидот за предавничкиот државен удар на 15 јули. Нашиот повик до сите наши пријатели, браќа и сојузници е да бидат претпазливи пред терористичката организација, да се превземат мерки без одлагање и да се превземаат неопходните чекори", рече Калин.
„Тоа не треба да го направат за да се поправат билатералните односи со Турција, или пак да се освои срцето на Турција", истакна Калин.
„Напротив, мислиме дека тоа треба да го направат за сопствените национални интереси и за нивната иднина. Затоа што терористичката организација со предавничкиот чин ноќта на 15 јули, направи масакр, имаме 251 загинат. Секој момент може да се повтори во друга земја. Пристапот и терорситичката организација, и таквиот менталитет се погодни за завери секаде. Затоа ги повикуваме сите пријателски и сојузнички држави, тие блиску да соработуваат со Турција против ФЕТО. Да не дозволат да дише таа организација во тие земји. Денес, терористичката организација се крие зад невините зборови како што се служење и дијалаг. Тие исто како што направија во Турција, и во други држави можат да организираат предавство и секов вид на убиства. Нашето предупредување е да бидат исправени и покажат јасен став против терористичката организација поради своите национални интереси", нагласи Калин.
Тој истакна дека ФЕТО во земјите каде што се наоѓаат, особено го искористуваат системот во своја корист, можностите на земјата ги злоипотребуваат во нивна полза. Калин потсети дека ги направиле потребните предупредувања во таа насока.
„Фала му на Бога добиваме резултати. Во многу земји терористичката организација ФЕТО веќе не може да биде активна. Ова, чекор по чекор ќе продолжи секаде по светот. Република Турција, нема да дозволи оваа предавничка мрежа да организира убиства, предавства, ниту во Турција, ниту пак во друго место", дададе Ибрахим Калин.
Калин информираше дека заедно со делегацијата вчера го посетиле главниот град на Албанија, Тирана, каде се сретнале со премиерот Еди Рама и неговата делегација.
Тој исто така потсети дека албанскиот премиер Рама на 8 декември ја посетил Турција и дека се стретнал со пртеседателот Ердоган. И тие следејќи ги инструкциите на претседателот ја реализирале возвратна посета на Албанија.
Калин наведе дека во Албанија, се запознале со активностите на амбасадата, Фондацијата „Маариф" и ТИКА. Исто така разговарале за инвестициите на бизнисмените. Покрај тоа ја посетиле „Намазгах" џамијата, која ќе биде најголемата џамија на Балканот, чија изградба е во тек и рече дека е планирано џамијата да биде завршена во текот на следните 7-8 месеци.
Тој исто така нагласи дека во рамките на нивната перспектива за Балканот односите меѓу Турција-Албанија се од големо значење.