Hakan Ceyhan Aydoğan
06 Јануари 2017•Ажурирај: 07 Јануари 2017
МОСКВА (АА) - Русија донесе одлука за намалување на воената сила во Сирија и во тие рамки соопшти дека регионот ќе го напушти рускиот носач на авиони „Адмирал Кузнецов“, јавува Anadolu Agency (AA).
Началникот на ГШ на руската војска, Валериј Герасимов изјави дека откако е потврдена одлуката од страна на претседателот Владимир Путин, започнало намалувањето на воените сили во Сирија.
Герасимов соопшти дека во тие рамки, првенствено регионот ќе го напуштат носачот на авиони „Адмирал Кузнетов“ и борбените бродови што го следат.
Андреј Картаполов, командант на руските сили во Сирија, информираше дека во период од 2 месеца, колку што носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ беше закотвен во близина на сириското крајбрежје, биле изведени 420 летови и погодени се 1.252 цели.
По договорениот прекин на огнот во Сирија, кој беше постигнат на 30 декември со гаранции на Турција и Русија, претседателот на Русија, Путин побара да се намали руското воено присуство во Сирија.