Alperen Aktaş
26 Мај 2024•Ажурирај: 27 Мај 2024
БЕРЛИН (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Кина ја влошува војната во Европа со поддршката на Русија против Украина, пренесува Анадолу.
„Кина вели дека сака да одржува добри односи со Западот. Во истовреме, сепак, Пекинг ја потикнува војната во Европа. Не можете да ги имате и двете“, рече Столтенберг во интервју за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“.
Столтенберг ја истакна клучната улога на поддршката на Кина на Русија во конфликтот во Украина.
Тој истакна дека има јасно зголемување на продажбата на машински делови, микроелектроника и други технологии кои Москва ги користи за производство на проектили, тенкови и авиони за војната против Украина.
Столтенберг повтори дека нема планови за испраќање трупи на НАТО во Украина или проширување на чадорот на воздушна одбрана на Алијансата во Украина, потврдувајќи повторно дека НАТО нема да биде дел од конфликтот.
Повикувајќи ги земјите од НАТО да пружат поголема поддршка на Украина, Столтенберг рече: „Не е доцна за победа на Украина. Треба да испратиме повеќе оружје и муниција во Украина, вклучувајќи и системи за противвоздушна одбрана и оружје со долг дострел.
Тој ја истакна потребата сојузниците да ги обноват своите воени залихи и да го зголемат производството на оружје и муниција.
Столтенберг рече: „Ако (рускиот претседател Владимир) Путин го добие она што го сака во Украина, нема да има трајна безбедност во Европа, а светот како целина ќе стане понестабилен.“
„Мораме да ја одвратиме Русија од натамошна агресија. Политиката на смирување кон Путин нема да функционира“, додаде тој.