Ekipa
28 Август 2017•Ажурирај: 29 Август 2017
ЈАНГОН (АА) - Папата Франциско ќе го посети Мјанмар во ноември, најави преку соопштение на конференцијата на католичките бискупи, пренесува Anadolu Agency (АА).
Во соопштението се наведува дека папата ќе го посети Мјанмар од 27 до 30 ноември, а од 30 ноември до 2 декември ќе престојува во посета на Бангладеш.
Тоа ќе биде првата посета на папата на Мјанмар.
Папата Франциско редовно во своите говори укажува на потребата на одбрана на муслиманите Рохинџа во будистичката мјанмарска западна земја Ракајн. Неодамна ги повика властите на Мјанмар да ги гарантираат сите права на муслиманите Рохинџа.
Крвавите напади во пограничниот појас во западната мјанмарска земја Ракајн ескалираа во петокот, со масовни страдања на цивилите. Подоцна според медиумските извештаи, мјанмарските безбедносни сили раселија илјадници Рохинџа муслимани уништувајќи ги нивните домови со артирелија и со митралески оган.