Mehmet Nuri Uçar
28 Август 2017•Ажурирај: 28 Август 2017
КУВАЈТ (АА) - Премиерот на Кувајт, Џабер ал-Мубарак ал-Хамад ал-Сабах во Кувајт се состана со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува Anadolu Agency (AA).
Официјалната кувајтска агенција КУНА соопшти дека шеикот Сабах за рускиот министер организирал прием во палата Ес Сејф во Кувајт.
За време на состанокот е разговарано за билатералните односи, кризата во Заливот и за други регионални и глобални прашања.
Се очекува Лавров за време на посетата на земјите во Заливот да престојува и во Катар и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Кувајт го предводи посредувањето во решавањето на кризата во Заливот.
Саудиска Арабија, ОАЕ, Бахреин и Египет на 5. јуни ги прекинаа сите дипломатски однсои со Катар, со што дојде до криза во Заливот