Ekip
01 Март 2021•Ажурирај: 03 Март 2021
РАМАЛА
Израелскиот воен суд осуди истакнат член на Народниот фронт за ослободување на Палестина (PFLP) на две години затвор, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шефот на медиумите во палестинскиот центар за човекови права Алдамер, Хеба Хамареш, за АА изјави дека Воениот суд Офер во западниот град Рамала во централниот Западен брег, на палестинската активистка Калида Џарар и изрекол парична казна од околу 1.200 долари.
Џарар беше приведена во нејзиниот дом во Рамала на 31 октомври 2019 година и беше обвинета дека зазема позиција во PFLP, група која е забранета од страна на израелската армија.
Џарар е истакната фигура во PFLP, втората по големина група во Палестинската ослободителна организација (PLO) и беше избрана за член на Законодавниот совет на последните парламентарни избори одржани во 2006 година.