Esat Fırat
03 Јули 2020•Ажурирај: 04 Јули 2020
ЕРУСАЛИМ
Израелските војници за време на интервенциите на протестите против нелегалните еврејски населби врз окупираниот Западен брег со гумени куршуми ранија 15 Палестинци, јавува Агенција Анадолија (АА).
Координаторот на Одборот на народниот отпор на Палестина, Мурад Иштиви за АА изјави дека израелските војници за време на протестите на Западниот брег насрнале на насобраните Палестинци.
Тој истакна дека Палестинците протестирале поради изградбата на нелегалните еврејски населби на Западниот брег.
Тој напомена исто така дека израелските сили користеле солзавец и гумени куршуми за да ги разбркаат демонстрантите, а Палестинците возвратија со фрлање камења врз војниците.
Тој потврди дека израелските војници со гумени куршуми раниле 15 Палестинци, додека голем број од нив биле под влијание на солзавец.
Демонтрациите против изградбата на ѕидот на раздвојување и нелегалните европските населби се одржуваат секој петок во различни делови на окупираниот Западен брег, посебно во подрачјето на Кафр Кадум во градот Наблус.
Според меѓународното право, сите еврејски населби на окупираната територија се сметаат за нелегални.