Ekip
23 Август 2022•Ажурирај: 25 Август 2022
БРИСЕЛ (АА) – Европската комисија денес соопшти дека очекува околу 15 отсто помали просечни приноси на пченка, сончоглед и соја, бидејќи Европа ја доживува најголемата суша во последните 500 години, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Се чини дека сегашната суша е најлоша во последните 500 години“, предупредува Европската комисија во најновата заедничка студија.
Според истражувањето, големиот дефицит на врнежи влијае на земјоделството и го зголемува ризикот од шумски пожари, создавајќи „загрижувачка ситуација“ со 64 отсто од територијата на Европската Унија под предупредување или тревога.
Вегетацијата и земјоделските култури покажуваат негативни последици од сушата на 17 отсто од територијата на ЕУ, додека влажноста на почвата е во дефицит во 47 отсто од областа.
Недостигот на врнежи ги погоди речиси сите речни текови низ Европа, предизвикувајќи потешкотии во енергетскиот и транспортниот сектор, се вели во извештајот.