Hanife Sevinç,Güç Gönel,Sefa Mutlu
28 Април 2018•Ажурирај: 28 Април 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Истанбул изјави дека Изборите на 24 јуни оваа година претставуваат пресвртна точка за Турција. Ердоган рече дека инфраструктурата на Турција е подготвена за влез во новата ера, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган денес во Истанбул зборуваше на Конгресот за асоцијација на жени на Партијата за правда и развој (АК Партија) во Истанбул, а во таа пригода се осврна на претстојните предвремени Парламентарни и претседателски избори, кои во оваа земја ќе бидат одржани на 24 јуни.
„Изборите на 24 јуни се пресвртна точка за Турција. Нашата земја влегува во нова ера и сета наша инфраструктура е подготвена за новата ера. Ние секогаш сме подготвени, но опозицијата сé уште не одлучи кој е нејзин кандидат. Во меѓусебен судир, не знае што прави, како ни што ќе прави“, порача Ердоган.
Ердоган, исто така изјави дека жените треба да бидат повлијателни во политиката, но и дека во Парламентот треба да ги има повеќе.
„Она што сакаме е тоа жените да бидат повлијателни во политиката, да учествуваат повеќе во неа и да ги гледаме повеќе и како пратенички во Парламентот“, порача Ердоган.
Тој, исто така, додаде дека една од првите задачи во наредниот период ќе биде започнувањето на изградба на Истанбулскиот канал. Се работи за канал за комуникација, кој ќе биде изграден паралелно со Босфорот, а ќе ги спојува Црното и Мраморното Море.