Балкан

Полициските службеници пронајдоа 40 мигранти на магистралниот пат Штип-Радовиш

„Во близина на село Лакавица запрел и при преглед во возилото биле пронајдени 40 лица – мигранти, а возачот З.Б.(39) од Велес бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Штип за понатамошна постапка", се вели во соопштението на МВР

Admir Fazlagic  | 27.02.2020 - Обновена : 28.02.2020
Полициските службеници пронајдоа 40 мигранти на магистралниот пат Штип-Радовиш

СКОПЈЕ (АА) - Полициските службеници пронајдоа 40 мигранти на магистралниот пат Штип-Радовиш синоќа, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР) на Северна Македонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на МВР, на магистралниот пат Штип-Радовиш, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции дале знак за запирање на патничко возило- комби „пежо“ со велешки регистарски ознаки, но возачот не застанал и продолжил со движење кон Штип.

„Во близина на село Лакавица запрел и при преглед во возилото биле пронајдени 40 лица – мигранти, а возачот З.Б.(39) од Велес бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Штип за понатамошна постапка", се вели во соопштението на МВР.

Се додава дека по целосно документирање на случајот против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Според податоците на МВР во текот на месец јануари оваа година спречени се 1365 обиди за илегално преминување на границата на Северна Македонија.

Потсетуваме, во времето на бегалската криза во 2015 и 2016 година, Северна Македонија беше дел од таканаречената Балканска рута низ која поминуваа бегалците што доаѓаа од земјите на Блискиот Исток. Од март 2016 година, оваа рута официјално е затворена.

Според податоците на Регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци (МАРРИ), низ Балканската рута во 2015 и 2016 година поминале над 1,1 милион луѓе.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.