Oktaj Omeragikj
25 Ноември 2025•Ажурирај: 26 Ноември 2025
СКОПЈЕ (АА) - Република Северна Македонија упати честитки до Босна и Херцеговина (БиХ) по повод 25 ноември - Денот на државноста на земјата, известува Анадолу.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРНТ) на Северна Македонија на социјалните мрежи упати срдечни честитки до народот на БиХ по повод Денот на државноста.
„Со нетрпение очекуваме да ги унапредиме нашите блиски врски и континуирана соработка меѓу нашите народи“, се вели во објавата на МНРНТ.
Босна и Херцеговина денес го слави 25 ноември - Денот на државноста, датум кога пред 82 година во Мркоњиќ Град се одржа Првото заседание на ЗАВНОБиХ, на кое беа донесени одлуки за обновување на државноста на Босна и Херцеговина.