Michael Sercan Daventry
29 Декември 2015•Ажурирај: 30 Декември 2015
ЛОНДОН (АА)- Белгиската полиција уапси две лица под сомнение дека планирале да изведат напади во Брисел на дочекот за Нова година, јавува Anadolu Agency (AA).
Повикувајќи се на обвинителството, како пренесуваат белгиските медиуми, полицијата за време на рацијата во главиот град на таа земја запленила и неколку компјутери, униформи во армијски стил и пропагандни материјали на терористичката организација ДАЕШ. Покрај уапсените шест лица се приведени и испрашани, од кои четири се ослободени од обвинението.
По последните терористички напади кои се случија во Париз на 13 ноември оваа година, Белгија е во состојба на готовност додека полициските рации се изведуваат шурум земјата.