Sinan Uslu
26 Октомври 2016•Ажурирај: 26 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Ракетен проектил од Сирија денес падна на подрачјето на турскиот пограничен град Килис, а турските вооружени сили (ТСК) одговорија со артилериски напад врз позициите од кој беше испукан проектилот, јавува Anadolu Agency (AA).
Од подрачјето на сириската погранична област Тархин, која е под контрола на ДЕАШ, попладнево врз турскиот град Килис бил испукан проектил од типот „катјуша“.
Ракетата паднала на ненаселено земјоделско земјиште, а во експлозијата полесно е ранета една жена по потекло од Сирија.
Кратко потоа, турските вооружени сили со хаубиците „бура“ ги нападнаа позициите на ДЕАШ од каде што бил испукан проектилот на Килис, кој е место на чести ракетни напади од соседна Сирија.
Турските вооружени сили спроведуваат заострени безбедносни мерки на границата, и изведуваат редовни артилериски напади на терористичките позиции од каде што доаѓаат нападите кон Килис.