Hakan Ceyhan Aydoğan
26 Октомври 2016•Ажурирај: 26 Октомври 2016
МОСКВА (АА) - За време на учеството на премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, на еден форум во Москва, се чуле звуци на експлозија поради што била дадена пауза и салата била испразнета, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста што се најде во рускиот печат, додека траеле презентациите на форумот на кој учествуал и Медведев, се чуле звуци на експлозија. Поради безбедносни причини, модераторот на форумот побарал салонот да биде испразнет. Премиерот на Русија, Медведев, ја напуштил салата придружуван од своето обезбедување.
Во соопштението на руската Влада се вели дека звуците на експлозија биле производ на краткиот спој кој настанал во каблите и дека поради превентивни мерки, салата била испразнета.