Mustafa Bağ
09 Декември 2015•Ажурирај: 10 Декември 2015
КАБУЛ (АА) - Најмалку 46 лица беа убиени во напад на талибанските милитанти кои започнаа минатата ноќ во близина на аеродромот во Кандахар во јужен Авганистан, јавува Anadolu Agency (АА).
Портпаролот на Министерството за одбрана, Девлет Вазири за АА изјави дека група Талибанци синоќа извршила напад на аеродромот и околните населени места во Кандахар и дека вооружените судири меѓу милитантите и авганистанските сили за безбедност се уште трае.
"Досега во судирите загинаа најмалку 46 лица, меѓу кои девет милитанти. Повредени се најмалку 35 лица. Меѓу загинатите има и цивили", рече Вазири.
Група талибанците за време на конфликтот, кој трае веќе 20 часа, ја окупира зградата на едно училиште, од каде што се извршува нападот на аеродромот, кој е домаќин на воените сили на НАТО и Авганистан. Најмалку пет милитанти влегоа во соседното село каде што заробија неколку цивили, што уште повеќе ја усложни интервенцијата на авганистанските сили.
Аеродромот на Кандахар е затворен а сите летови беа откажани. Милитантното талибанско движење ја презеде одговорноста за нападот, тврдејќи дека убиле најмалку 150 авганистански и американски војници. Тие исто така тврдат дека се уништени најмалку 27 тенкови и неколку авиони на аеродромот.