Sayed Khodaiberdi Sadat
20 Јануари 2021•Ажурирај: 21 Јануари 2021
КАБУЛ
Во западната авганистанската провиниција Херат извршен е вооружен напад врз воено возило во кое животот го загубија 3 војници, известува Агенција Анадолија (АА).
Претставниците на безбедноста информираа дека непознати лица извршиле вооружен напад врз воено возило во подрачјето Минарха во провинцијата Херат.
Во изјавата се наведува дека во нападот животот го загубија 3 војници, а 4 се ранети.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.