Sayed Khodaberdi Sadat
26 Јуни 2017•Ажурирај: 27 Јуни 2017
КАБУЛ (АА) - Десет луѓе загинаа во напад извршен од страна на талибанците, во којшто цел беа полицајци задолжени за безбедноста на браната Салма во местото Чишти Шариф, во авганистанската провинција Херат, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Херат, Џaилани Фархад, за АА изјави дека во оружениот напад на милитантите загинаа десет полицајци, а еден е ранет.
Според него, во конфликтот што се случи по нападот, загинале четворица милитанти.
Талибанците сѐ уште не објавија никакво соопштение.
Споменатата брана започна со работа минатата година.