Lokman İlhan
26 Јуни 2017•Ажурирај: 27 Јуни 2017
БОГОТА (АА) - Најмалку шест лица загинаа, а по 31 лице сѐ уште се трага откако во езерото во колумбискиот град Гуатапе потона брод што пренесувал туристи, јавува Anadolu Agency (AA).
Иако сѐ уште нема официјално соопштение за бројот на жртвите во несреќата што се случи во место одалечено 80 километри од Меделин, локалните медиуми објавија дека најмалку шест луѓе загинаа.
Во тек се акциите за спасување, во кои се вклучени спасувачки тимови и припадници на колумбиската армија.
Претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос, изјави дека 120 луѓе се спасени, а по 31 лице сѐ уште се трага.
Сантос додаде дека постои можност дека исчезнатите лица да се спасени од туристичките бродови кои беа испратени на местото веднаш по несреќата.