Sinan Doğan,Muhammed Emin Canik
20 Март 2021•Ажурирај: 21 Март 2021
БОГОТА (АА) - Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка. Повторно е регистрирана висока бројка на починати во Бразил, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа од последиците предизвикани од новиот тип коронавирус во Бразил починаа 2.815 лица, 613 во Мексико, 113 во Аргентина, 135 во Колумбија, 191 во Перу и 99 лица во Чиле.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 2.815 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 290.314.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 90.570, зголемувајќи го вкупниот број позитивни на коронавирусот на 11.871.390.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот, а се наоѓа на 2. место според бројот на починати. Во оваа земја досега оздравеа 10.383.460 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико -
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 613 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 5.722 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 197.219 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.187.190, а досега оздравеа 1.729.269 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19, а на 3. место според бројот на починати на листата што ја објавува интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина -
Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 113 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 54.476. Во истиот период детектирани се 8.160 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 2.234.913.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 2.016.729 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.
- Колумбија -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 135 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 61.771.
Во последните 24 часа детектирани се 5.133 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 2.324.426. Во оваа земја досега оздравеа 2.221.642 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 191 лице од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 4.715 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.451.645, од кои починаа 49.897 лица, а оздравеа над 1.364.556 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле -
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 99 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја на 22.087.
Во истиот период регистрирани се нови 6.604 случаи на Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот на 918.053, а оздравеа вкупно 859.097 лица претходно заразени со коронавирусот.