Bojana Stojanovic
20 Март 2021•Ажурирај: 20 Март 2021
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија започна вакцинацијата против коронавирусот на првите бегалци и азиланти, соопшти Центарот за заштита и помош на барателите на азил, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„По процесот на комуникација, толкување и инсистирање со јавно здравство, но и во медиумите, првите бегалци се повикани на вакцинација. Голем чекор за сите бегалци кон позицијата без дискриминација во Србија“, наведоа од невладината организација на Твитер.
Како што објаснија, целата постапка е завршена преку Е-управата, а вакцинацијата започна на саемот во Белград, најголемиот пункт за вакцинација во земјата.
Центаро за заштита и помош на барателите на азил изрази очекување дека ќе следат повици и за други штитеници кои се пријавиле за вакцинација.
Во Србија, според последните податоци, дадени се 2.126.000 дози од вакцините против коронавирусот, додека 837.000 граѓани се ревакцинирани.