Doğa Kırmızıoğlu
20 Март 2021•Ажурирај: 21 Март 2021
АНКАРА
Кошаркарите на Атланта Хоукс, екипата од американската Национална кошаркарска лига (НБА), се вакцинираа против новиот тип коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави клубот се наведува дека со цел да се зголемат здравствените и безбедносните мерки, 36 лица од клубот Атланта Хоукс, од кои 14 кошаркари, ја примиле првата доза од вакцината.
Тројца кошаркари, чиј идентитет не се открива, бидејќи не ги исполнуваат критериумите на сојузната држава Џорџија за вакцинација со Ковид-19, не можеа да се вакцинираат. Според критериумите на оваа држава, не се вакцинираат лицата со индекс на телесна маса над 25.
По Њу Орлеанс Пеликанс, Атланта Хоукс стана втората екипа во НБА што спроведе вакцинирање на своите кошаркари и на техничкиот тим.