Sümeyye Dilara Dinçer
20 Март 2021•Ажурирај: 21 Март 2021
АНКАРА (АА) - Од почетокот на пандемијата на Ковид-19 во светот вирусот е потврден кај 123.002.916 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на „Worldometer“, кој објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, во светот досега од вирусот починале 2.715.361 лице.
Оздравени се 99.131.550 лица на кои претходно им е дијагностициран Ковид19, додека бројот на активни случаи е 21.066.464.
Со пандемијата на Ковид-19 најтешко се погодени Соединетите Американски Држави (САД), со потврдени 30.425.787 случаи.
Следат Бразил (11.877.009), Индија (11.555.284) Русија (4.447.570), Велика Британија (4.285.684), Франција (4.181.607), Италија (3.332.418), Шпанија (3.212.332), Турција (2.971.633) и Германија (2.645.186).