Sinan Doğan
20 Март 2021•Ажурирај: 21 Март 2021
БОГОТА
Јужноамериканската земја Мексико ја потресе земјотрес со интензитет од 5,9 степени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Националниот сервис за сеизмологија на Мексико соопшти дека во 21:06 часот по локално време во оваа земја е почувствуван земјотрес со интензитет од 5,9 степени. Епицентарот на земјотресот бил во југоисточниот дел на земјата, во државата Гереро, на длабочина од 10 километри.
Земјотресот не предизвикал човечки жртви ниту материјална штета, а бил почувствуван во повеќе градови во земјата.