свет

Ковид-19 причина за смртта на 2.468 во Бразил, 599 во Колумбија, 589 во Аргентина

- Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 ја предизвика смртта на 2.468 лица во Бразил, 243 во Мексико, 589 во Аргентина, 599 во Колумбија, 171 во Перу, 61 во Чиле, 124 во Боливија, 115 во Парагвај, 35 во Гватемала и 53 во Уругвај.

Sinan Doğan, Muhammed Emin Canik  | 16.06.2021 - Обновена : 16.06.2021
Ковид-19 причина за смртта на 2.468 во Бразил, 599 во Колумбија, 589 во Аргентина

БОГОТА

Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 ја предизвика смртта на 2.468 лица во Бразил, 243 во Мексико, 589 во Аргентина, 599 во Колумбија, 171 во Перу, 61 во Чиле, 124 во Боливија, 115 во Парагвај, 35 во Гватемала и 53 во Уругвај.

Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 2.468 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 490.696.

Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 80.609, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 17.533.221.

По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 15.944.646 лица претходно позитивни на Ковид-19.


- Мексико

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 243 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 4.250 новозаразени.

Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 230.428 смртни случаи, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 2.459.601. Досега во оваа земја оздравеа 1.960.033 лица позитивни на Ковид-19.

Мексико е четврта земја во светот, по САД, Бразил и Индија, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.

Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.


- Аргентина

Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 589 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 86.615. Во истиот период детектирани се 27.260 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 4.172.742.

Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 3.771.968 лица заразени со коронавирусот.

Аргентина според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 9. место во светот.


- Колумбија

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 599 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 96.965.

Во последното деноноќие детектирани се 24.452 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 3.802.052. Во оваа земја досега оздравеа 3.539.442 заразени со Ковид-19.

Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 10. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.


- Перу

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 171 лице од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.007 новозаразени.

Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на над 2.007.477, од кои животот го загубија 189.261 лице, а оздравеа над 1.968.723 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.

Перу се наоѓа на петтото земја во светот според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.


- Чиле

Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 61 лице од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 30.865.

Во истиот период регистрирани се нови 4.607 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.487.239, а оздравеа вкупно 1.413.414 лица претходно заразени со коронавирусот.


- Боливија

Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последното деноноќие се детектирани 124 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 2.571.

Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 411.677, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 15.738. Досега оздравеа 326.484 лица позитивни на коронавирусот.


- Парагвај

Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 115 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 2.667 лица позитивни на коронавирусот.

Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 396.149, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 11.069.

Досега оздравеа 330.395 лица позитивни на коронавирусот.


- Гватемала

Според вестите објавени во медиумите во Гватемала, во последните 24 часа регистрирани се 35 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, вкупно 8.500 од почетокот на епидемијата на коронавирусот во оваа земја. Во истиот период детектирани се 1.740 новозаразени, така што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 273.730.

Досега во оваа земја оздравеа 248.316 лица кои биле заразени со коронавирусот.


- Уругвај

Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 53 лица од последиците на заразувањето со коронавирусот, со што вкупната бројка на смртни случаи достигна 5.089.

Во истиот период детектирани се 2.813 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 343.615 од почетокот на пандемијата.

Во Уругвај досега оздравеа 307.189 заразени со Ковид-19.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.