Gökhan Kavak
16 Јуни 2021•Ажурирај: 18 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Во операција против терористичката организација Ал Шабаб во Сомалија заземен е кампот што го користеа припадниците на таа организација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според локалните медиуми, сомалиската војска извела операција против Ал Шабаб во регионот Пантланд, на североистокот на земјата.
Во операцијата заземен е кампот што го користеа припадниците на терористичката организација и запленети се огромни количества оружје и експлозив.
Терористичката организација Ал Шабаб често изведува напади насочени кон безбедносните сили и цивилните подрачја во Сомалија.
Сомалија е средиште на повеќедецениска политичка, хуманитарна и безбедносна криза, а најголема безбедносна закана претставува терористичката организација Ал Шабаб, која е тамошен огранок на Ал Каеда.