Lokman İlhan
07 Мај 2017•Ажурирај: 08 Мај 2017
КАЛИ (АА) - Претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос, соопшти дека бројот на загинати лица во поплавите и во свлечиштата настанати во земјата е зголемен на 370, јавува Anadolu Agency (AA).
Сантос по состанокот на Националниот комитет за справување со ризици одржан во градот Кали, даде изјава за медиумите во врска со природните катастрофи настанати во текот на дождовната сезона.
Сантос истакна дека во првата дождовна сезона во земјата се настанати поплави, излевање на реки и свлечишта во 192 градови. Тој пренесе дека во овие катастрофи животот го загубиле вкупно 370 лица, додека 76 лица сѐ уште се водат како исчезнати.
Укажувајќи дека следната недела се очекуваат поројни дождови, Сантос упати апел до надлежните да бидат повнимателни и да ги преземет потребните мерки.
- Билансот на загинати во Мокоа изнесува 331 лице -
Од друга страна, во писменото соопштение на Национална единица за управување со ризици и катастрофи (UNGRD) се наведува дека бројот на загинатите во поплавите во градот Мокоа е зголемен на 331, додека 71 лице сѐ уште се водат за исчезнати.
Врнежите од дожд кои започнаа на 31 март во Мокоа, главен град на колумбиската административна област Путумајо, предизвикаа излевање на реките Мулато, Сангојако и Мокоа.