Sinan Doğan
01 Декември 2020•Ажурирај: 01 Декември 2020
БОГОТА
Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема животи во земјите на Латинска Америка, известува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа како последица на заразеност со Ковид-19 во Бразил починаа 287 лица, во Мексико таа бројка изнесува 285, во Аргентина 257, во Колумбија 182, во Перу 43, во Чиле 54 и 38 во Еквадор.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 287 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 173.120. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 21.138, зголемувајќи го вкупниот број позитивни на коронавирусот на 6.335.878.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја оздравеа 5.601.804 лица што претходно биле позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 285 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 6.472 новозаразени.
Досега во оваа земја се регистрирани 105.940 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 1.113.543. Во оваа земја досега оздравеа 823.586 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 11. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 257 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка се зголеми на 38.730. Во истиот период детектирани се 5.726 новозаразени, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.424.533.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.257.227 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 9. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 182 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 36.766.
Во последните 24 часа детектирани се 8.430 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 1.316.806. Во оваа земја досега оздравеа 1.210.489 заразени со Ковид-19.
Колумбија, со популација од околу 50 милиони, е 10. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 43 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.075 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 963.605, починаа 35.966 заразени, а оздравеа 894.741 лице кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 54 лица од вирусот Ковид-19, вкупно 15.410 од почетокот на епидемијата во земјата.
Во истиот период детектирани се 1.313 новозаразени, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 551.743, додека оздравеа 526.604 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 38 смртни случаи, вкупно 13.461 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 568 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 192.685. Досега во Еквадор оздравеа 169.804 лица кои биле позитивни на коронавирусот.