Hakan Çopur
01 Декември 2020•Ажурирај: 01 Декември 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Скот Атлас, советникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Ковид-19, поднесе оставка на таа позиција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Доктор Атлас, кој често беше цел на критики во САД, во пишана изјава објавена на каналот „Фокс Њуз“ поднесе оставка.
„Изјавувам дека поднесов оставка на местото специјален советник на американскиот претседател“, наведе Атлас во писмото кое го проследи и до претседателот Трамп.
Се наведува дека главна причина за заминувањето на Атлас од позицијата било губењето на претседателските избори на 3 ноември на Трамп.
Атлас, кој е именуван на оваа должност пред речиси 4,5 месеци, беше изложен на жестоки критики во медиумите, посебно поради своите изјави за маските.
На почетокот на ноември Атлас даде интервју за рускиот канал „Russia Today“, а потоа наиде на критики на американската јавност, изјави дека не знаел дека тој канал е регистриран во рамките на Законот за регистрација на странски агенти (FARA).