Emre Aytekin
01 Декември 2020•Ажурирај: 02 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на оздравени лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 44 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според последните информации на интернет страницата „Worldometer“, од почетокот на епидемијата на коронавирусот во светот оздравеа 44.027.478 лица.
Првите четири земји во светот, во кои се регистрирани најмногу случаи на Ковид-19, во истовреме се и четирите земји каде што се регистрирани и најмногу оздравени лица.
Од Ковид-19 во Индија оздравеа 8.889.585 лица, во САД 8.223.391 лица, во Бразил 5.601.804 и во Русија 1.863.467 лица.
По овие четири земји следуваат Аргентина со 1.257.227 оздравени и Колумбија со 1.210.489 оздравени лица.
Во Турција заклучно со 30 ноември регистрирани се 404.727 оздравени лица.
Инаку, во светот се откриени над 63.638.696 милиони случаи на Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 1.474.942 лица.
Во светот 18.136.276 лица се наоѓаат во процес на лекување.